ОН: Проблемот со загадување со жива бара меѓународна соработка

Од:

Загадувањето со жива на горниот слој на светските мориња во изминатите сто години, што е последица на активностите на луѓето бара меѓународна соработка со цел да се подобри таквата состојба, предупредува во денешниот извештај Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП).

Во овој избештај за прв пат се наведува дека стотици тони жива продреле од земјиштето во реките и езерата ширум светот.

Како последица на зголемената емисија на жива, локалните заедници во некои земји во развој изложени се на се поголеми здравствени и еколошки ризици, се наведува во извештајот.

Живата е токсичен метал, кој широко се користи во хемиската индустрија и во рударските активности со помал обем, особено во ископувањето на злато. Живата инаку е природен елемент, кој го има во воздухот, водата и земјиштето и не може да биде ниту создаден, ниту уништен.

Загадувањето настанува со согорување на јагленот и користењето на живата за издвојување на металот од рудата, но и од отпадните електронски опреми и разновидната друга стока за широка потрошувачка. Живата од воздухот продира во земјата, а оттаму може да ги загади истечните и неистечните води.

Извештајот на УНЕП им претходи на меѓународните преговори во Женева, следната недела, чија цел е договарање на нова правно обврзувака спогодба за органичување на емисијата на жива на глобално ниво. Тоа би претставувало напредок во претходните заложби на големите земји, како што се Кина, Индија и САД за доброволно органичување на емисијата на жива.

Живата во светските мориња се акумулира во организмот на рибите, влегувајќи на тој начин во ланецот на човековата исхрана, што претставува најголема опасност за оштетување на нервниот систем кај жените во плодниот период, бремените жени и малите деца.

Во извештајот на УНЕП се напоменува дека емисијата на жива во делови на Африка, Азија и Јужна Америка би можела дополнително да се зголеми поради користењето на јагленот во производството на електрична енергија и се почестото ископување на злато, поттикнато од високата цена на овој племенит метал на светскиот пазар. Во документот се додава дека во вкупната емисија на жива во светот Азија има удел од нешто под 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство