ОН: Прислушувањето на телефоните мора детално да се разгледа

Од:

Владите во некои земји користат технологии за прислушување и со тоа ги кршат основните човекови права, како што се приватноста и слободата на говорот, смета експертот за човекови права при Обединетите нации, Франк Ла Руе.

Тој истакна дека сите прислушувања на телефони од срана на владите во целиот свет треба детално да се разгледаат.

Ла Руе, говорејќи во Советот за човекови права на ОН во Женева на темата слободата на изразувањето изјави дека владините претставници во некои земји користат технологии за прислушување и оти со тоа ги кршат темелните човекови права, како што се приватноста и слободата на говорот.

Според него следењето на комуникациите може да биде оправдано само во исклучителни ситуации, како што се националната безбедност или превенцијата на криминалот, како и дека законските прописи за прашањето за прислушување на телефоните, во многу земји се недоволни или воопшто ги нема.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство