Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата со која се бара од сите држави да ги запрат конфликтите и да учествуваат во примирје за време на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна Кореја, следната година.
Резолуцијата, која беше усвоена со удар на чекан од претседателот на Собранието, Мирослав Лајчак и поздравена со голем аплауз, ги повикува сите земји-членки да учествуваат во примирјето кое би требало да трае седум дена пред почетокот на Олимписките игри на 9 февруари, до седмиот ден по нивното завршување, на 18 март.