ОН: Половина од Авганистанците дале поткуп во 2012

Од:

Половина од Авганистанците дале поткуп на јавен службеник во 2012 година, додека корупцијата во земјата се проценува на 3,9 милијарди долари, покажува истражувањето објавено од Обединетите нации.

Најновото истражување на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и авганистанското државно антикорупциско тело покажува дека половина од Авганистанците платиле поткуп за услуга во некоја јавна служба минатата година.

Извештајот покажува дека Авганистан остварил видлив напредок во намалувањето на корупцијата, но нејзината цена по државата е зголемена за 40 проценти од 2009 година.

Полицијата, судскиот систем, локалните власти и Министерството за образование, според истражувањето се соочуваат со широко прифатена пракса на примање и давање поткуп за административни и јавни услуги.

Според претставникот на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во Кабул Жан-лук Лемахеј населението на Авганистан корупцијата ја смета за втор најважен проблем во земјата по безбедноста.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата