Годишно во светот се фрлаат повеќе од 1,3 милијарди тони храна, од кои 300 милиони тони во индустриските зони, што е доволно за да се нахранат гладните во Африка, предупреди Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП), која почна акција за ставање крај на фрлањето храна.
Кампањата „Размислувај. Храни се. Штеди. Намали ја штетата во светот“ содржи предлози за потрошувачите, произведувачите и сопственицiте на компаниите. Некои од предлозите се да се направи листа при купувањето, да се избегнува непотребната потрошувачка, како и потрошувачите да бидат внимателни кога станува збор за кампањи, кои ги привлекуваат повеќе да трошат.
Генералниот директор на Организацијата за земјоделство и храна во ОН, Хозе Грациано да Силва изјави дека со оваа кампања ОН планираат да го намали фрлањето на храна во светот.
Тој истакна дека во индустриските подрачја годишно се фрлаат 300 милиони тони храна. Да Силва нагласи дека популацијата во светот ќе се зголеми од седум на девет милијарди и предупреди дека денес е потребно да се биде внимателен во однос на фрлањето храна.
Тој потсети дека во светот 830 милиони луѓе живеат на границата на гладта.