ОН подготвуваат извештај за климатските промени

Од:

Експерти и владини претставници од 110 држави од целиот свет одржуваат еднонеделно заседание во Шведска, на кое треба да го довршат извештајот на ОН за климатските промени, јави ДПА.

Се очекува во извештајот да биде поддржана тезата дека емисиите на штетни гасови предизвикани од активностите на луѓето, придонесуваат за глобалното затоплување.

Извештајот на една од трите работни групи во Меѓувладината експертска група за климатските промени се фокусира врз научните докази за климатските промени, вклучувајќи го влијанието на човековата активност врз промените на температурата, океаните и облаците.

На средбата зад затворени врати учесниците треба да ги усогласат основните постулати на извештајот, што ќе им биде предложен на одобрување на политичките лидери.

Документот, што се очекува да биде објавен в петок, е изготвен од стотици експерти и соддржи 54.000 коментари на стрични рецензенти и влади.

Според неофицијални информации, во извештајот ќе биде наведено дека емисиите на гасови кои се последица на човековата активност, се основна причина за зголемување на температурите во глобални рамки од периодот 50-те години на минатиот век, па до сега.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство