ОН почнаа кампања за вакцинирање на мигрантите во Јемен

Од:

Обединетите нации почнаа кампања за вакцинација против коронавирус на мигрантите заглавени во Јемен кој е разурнат од војна, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Агенцијата на ОН за миграција соопшти дека целта на вакцинацијата е околу 7.500 мигранти сместени во центрите во провинциите Аден и Мариб, но оти тоа не е доволно.

Шефицата на мисијата на ИОМ во Јемен, Криста Ротенштајнер, рече дека сè уште нема доволно дози за да се заштитат сите во Јемен од Ковид-19 и побара поголема поддршка од меѓународната заедница за снабдување на земјата со вакцини.

Агенцијата на ОН проценува дека околу 36.000 мигранти се заглавени во Јемен и оти многу од нив спијат во преполни и нехигиенски центри, каде што вирусот лесно може да се шири.

Од почетокот на пандемијата, Јемен пријавил повеќе од 10.000 инфекции со коронавирус и најмалку 1.972 смртни случаи во области контролирани од меѓународно призната влада.

Граѓанската војна во Јемен, која започна во 2014 година кога бунтовниците го зазедоа главниот град Сана и поголемиот дел од северот на земјата, загинаа повеќе од 200.000 луѓе. Војната ја предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, со милиони гладни луѓе.

Би можело да ве интересира

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски