ОН планираат да платат „речиси шест милиони долари“ на талибанците заради безбедност на мисијата во Авганистан

Од:

ОН имаат намера да платат речиси шест милиони долари за заштита на своите капацитети во Авганистан на Министерството за внатрешни работи чиј шеф е предмет на санкции на ОН и САД, а по кој трага ФБИ. Тоа се наведува во внатрешен документ на ОН, јавија западни медиуми .

Сумата ќе биде исплатена следниот месец, главно за субвенционирање на платите на талибанските борци кои ги чуваат локациите на меѓународната организација во Авганистан. Планирано е и покривање на месечните оброци на овие чувари, што е напишано во договор со претходната влада во Кабул.

Неколку експерти велат дека предметната исплата предизвикува сомнеж дали се прекршуваат санкциите против талибанците и нивните лидери и дали ОН ќе можат да следат дали средствата се пренасочуваат за други цели.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан