ОН: Палестинските деца заслужуваат безбедност, не само образование

Од:

Хуманитарната и постојана координаторка на Обединетите нации на палестинските територии Лин Хестингс денеска изјави дека палестинските деца заслужуваат да живеат во сигурност и заштита, а не само да имаат образование, јавува Анадолија.

„Децата не само што имаат право на безбедно образование, туку и на посебна заштита според меѓународното право со оглед на нивната посебна ранливост“, се вели во соопштението на Хестингс.

Според официјалните претставници на ОН, од почетокот на 2021 година, 79 палестински деца загинале, а 1.269 се повредени.

„Шеесет и седум деца беа убиени во Појасот Газа за време на неодамнешната ескалација на конфликтот, а едно во јуни од експлозивните остатоци од војната“, рече Хестингс, додавајќи дека израелските сили на Западниот брег, вклучувајќи го источниот дел на Ерусалим, убиле уште 11 палестински деца.

Палестинските власти вчера објавија почеток на учебната година, и покрај пандемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он