ОН: Пад на производството на храна, милиони луѓе гладуваат

Од:

Обединетите нации денеска предупредија дека производството на храна во Северна Кореја минатата година достигнало најниско ниво во последните 10 години, а милиони луѓе во таа земја гладуваат.

Според ОН, на 3,8 милиони од вкупно 25 милиони луѓе итно им е потребна хуманитарна помош, во износ од 120 милиони долари.

Северна Кореја со децении се бори со хроничен недостаток на храна поради нефункционалниот државен систем за дистрибуција на оброци и меѓународните санкции наметнати заради нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Пјонгјанг лани повика на „сеопфатна” борба против „невидениот топлотен бран”, предупредувајќи ја својата мисија на ОН во Њујорк за криза поради недостаток на храна.

Долготрајниот топлотен бран, со тајфуни и поплави, минатата година доведе до пад на приносот од девет отсто во споредба со 2017 година, предупреди ОН.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство