ОН: Околу седум милиони смртни случаи поради загадување на воздухот

Од:

Загадувањето на воздухот секоја година предизвикува околу седум милиони прерани смртни случаи низ целиот свет, а жителите на Западен Балкан се изложени на концентрација на загадувачки супстанции во воздухот кои се меѓу највисоките во Европа, соопшти денеска Организацијата на Обединетите нации за животна средина, по повод Светскиот ден на животната средина.

Девет од десет луѓе на отворен простор вдишуваат загаден воздух повеќе од она што се смета за прифатливо според Упатствата за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација и поради тоа загадувањето на воздухот се смета за сериозна глобална опасност за јавното здравје.

– Ова е причината зошто на Светскиот ден на животната средина оваа година се повикуваат владите, индустријата, заедниците и поединците заеднички да работат на истражување на обновливи извори на енергија и зелени технологии, со цел да се подобри квалитетот на воздухот во градовите и регионите ширум светот, наведува ОН.

Населението на Западен Балкан е изложено на концентрација на загадувачки супстанци во воздухот, кои дури до петпати ги надминуваат вредностите пропишани од националните, како и насоките на Европската унија и Светската здравствена организација.

Регионална студија за влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето укажува на пократок животен век на Западен Балкан поради лошиот квалитет на воздухот.

Според извештајот, загадувањето на воздухот придонесува за високата смртност и скратување на очекуваниот животен век во анализираните градови, а особено укажува на опасност од изложеност на честичките (PM2.5 и PM10).

За високите концентрации на загадувачките супстанции во воздухот, исто така, придонесува и топографијата на ова подрачје, но пред сè, неквалитетните цврсти горива што се користат во термоелектраните на јаглен, согорувањето јаглен за потребите за готвење и греење во домаќинствата, застарената индустрија и старите возила.

Некои од стратешките препораки во извештајот се однесуваат на воспоставување национални, регионални и меѓународни рамки за решавање на еколошките проблеми, подигнување на свеста за загадувањето на воздухот, поттикнување на употреба на обновливи извори на енергија, еколошко управување со хемикалиите и отпадот.

Светскиот ден на животната средина оваа година се слави на глобално ниво под слоганот „Победи го загадувањето на воздухот“ и се упатува апел за промена на животните навики и намалување на влијанието врз загадувањето на воздухот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство