Околу 250.000 деца може да умрат од глад во Јужен Судан опустошен 18 месеци граѓанска војна, предупредува Тоби Ланцар, координатор за хуманитарни прашња на ОН во таа држава.
Во почетокот на јуни Ланцар беше прогонет од Јужен Судан.
Поради кризата, ОН побараа донации од 1,63 милијарди долари за државата во која две третини од 12-милионското население има потреба за помош, а 4,6 милиони се под закана за недостиг од храна.
Конфликтот во Јужен Судан почна во декември 2013 година кога армијата се подели на две страни меѓу приврзаници на претседателот Салва Киир и на поранешниот потпретседател Риек Мачар.