ОН: Околу 1,7 милиони луѓе заразени со ХИВ во 2018 година

Од:

Околу 1,7 милиони луѓе се заразиле со ХИВ во 2018 година. Тоа претставува намалување од 16 отсто во споредба со 2010 година. Намалувањето се должи на ефективните мерки во Источна и Јужна Африка, се наведува во извештајот на ОН.

Според податоците во Јужна Африка, бројот на нови случаи на СИДА е намален за повеќе од 50 проценти. Во исто време, постои алармантно зголемување од околу 29 отсто во Источна Европа и Централна Азија, како и на Блискиот Исток, Северна Африка и Латинска Америка.

– Најзасегнати се младите на возраст од 14 до 24 години и тоа е неприфатливо по толку години мобилизација и борба, вели Кристин Кафандо, претставник на невладина организација.

Исто така, пораст бележи и бројот на лица кои биле подложени на третман, така што минатата година тој број изнесува 23 милиони од вкупно 38 милиони луѓе кои го имаат вирусот. Речиси 770.000 луѓе починаа.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска