ОН: Ограничувањата поради Ковид го подобруваат квалитетот на воздухот

Од:

Пандемиските блокади и ограничувањата за патување доведоа до драматично, но краткотрајно подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загадувањето, соопштија Обединетите нации и предупредија дека промената, сепак, не може да ги замени долгорочните активности.

Новиот извештај на Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (СМО) покажа дека ограничувањата поради „Ковид-19“ минатата година привремено го подобрија квалитетот на воздухот во голем број места, особено во урбаните области. Но, тие исто така го стимулираат порастот на некои загадувачки материи кои се опасни по здравјето и имаат нејасно влијание врз климатските промени.

„Ковид-19 се покажа како непланиран експеримент за квалитетот на воздухот. Ова доведе до привремени локализирани подобрувања. Но, пандемијата не е замена за тековните и систематски активности за справување со главните двигатели и на загадувањето и на климатските промени, а со тоа да се заштити здравјето и на луѓето и на планетата, изјави шеот на СМО Питер Талас.

Загадувањето на воздухот, особено со мали честички, сериозно влијае на здравјето на луѓето и е поврзано со милиони смртни случаи секоја година.

Извештајот на СМО се базира на истражување за тоа како се однесуваат клучните загадувачи на воздухот во и околу десетици градови низ светот.

Анализата покажува намалување до 40 проценти при ниски концентрации на честички за време на целосното блокирање во споредба со истите периоди во 2015-2019 година. Ова обично значи подобрен квалитет на воздухот, иако квалитетот повторно се влошува кога се зголемуваат емисиите по блокирањето.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

Катерина Ѓуровски

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата