ОН: Нобеловата награда за Тунискиот квартет е позитивен сигнал

Од:

Обединетите нации изразија задоволство поради тоа што Нобеловата награда за мир за 2015 година му беше доделена на Тунискиот квартет за национален дијалог.

– Им честитам на квартетот, имаме потреба од помошта на граѓанското општество, за да постигнеме напредок во мировниот процес. Тунис е прекрасен пример, една од арапските земји со најдобри постигнувања по бунтовните во тој дел од светот. Честитки заслужуваат и туниската Влада и народ, истакна портпаролот на ОН во Женева, Ахмад Фавзи.

Нобеловата награда за мир за 2015 година доделена му е на Тунискиот квартет за национален дијалог „за неговиот решавачки придонес за изградба на плуралистичка демократија по револуцијата од 2011 година“, објави денеска Норвешкиот Нобелов комитет.

Квартетот невладини организации беше формиран летото 2013 година, откако процесот на демократизација на Тунис беше во опасност поради политички убиства и бран социјални протести.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата