Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк во понеделник ќе започнат нови преговори со кои земјите членки на светката организација ќе се обидат да постигнат договор за трговија на конвенционалното оружје, по неуспехот од јули 2012 година.
Членките на Генералното собрани на ОН, ќе имаат 10 дена да пронајдат начин за продажба на оружјето во светот, чија вредност годишно изнесува повеќе од 70 милијарди долари.
Главна цел е секоја земја да се обврзе пред продажба државите треба да се осигураат дека оружјето нема да биде употребено за кршење на човековите права или убиства, односно дека нема да дојде во рацете на организираниот криминал.
Во јули минатата година, големите извозници на оружје (Русија, САД и Кина) и увозниците (Египет, Индија, Пакистан и земјите од заливот) четири недели се обидуваа да најдат заеднички критериуми, за договорот.
Учесниците постигнаа компромис, но усвојувањето на заедничкиот текст беше спречен од САД, барајќи дополнително време за изјаснување.
-Постои желба тоа да се заврши, но повторно се зависи од САД, а од изборот на Барак Обама не добивме јасни патокази– изјави дипломатски извор.
Елена Георгиевска