Најмалку 239 мигранти загинаа во два бродолома крај брегот на Либија, соопшти денеска портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Карлота Сами.
Таа истакна дека информацијата била потврдена од двајца преживеани, кои дошле до брегот на италијанскиот остров Лампедуза.
Според зборовите на Леонард Дојл, портпарол на Меѓународната организација за миграција, оваа година во Медитеранот загинале 4.220 мигранти.