ОН најави преземање соодветни мерки за севернокорејската нуклеарна проба

Од:

Советот за безбедност на ОН решително ја осуди денеска извршената трета севернокорејска нуклеарна проба и најави преземање на соодветни мерки.

СБ на ОН се собра на вонредна седница на барање на Јужна Кореја, која е ротационен претседавач во февруари.

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Ким Сон-хуан, кој претседаваше со седницата, соопшти дека СБ на ОН ќе почне да разгледува соодветни мерки како одговор на севернокорејските нуклеарни тестирања. Ким Сон-хуан тестирањата ги оцени како сериозни кршење на резолуциите на Советот.

Постојаниот претставник на САД во ОН Сузан Рајс изјави дека сака зајакнување на санкциите против Северна Кореја, воведени по првите две нуклеарни проби, извршени од Пјонгјанг во 2006 и 2009 година. – Северна Кореја ќе падне во уште поголема изолација и притисокот врз неа ќе се зголеми, предупреди Рајс.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство