Советот за безбедност на ОН ќе разгледа планови за рапсоредување на нова мировна мисија во Мали која ќе помогне за безбедност во северниот дел од државата.
Минатиот месец СБ на ОН доенсе резолуција за распоредување во Мали на африкански сили кои ќе помогнат во стабилизирање на државата.
– Сега СБ ќе разгледа распоредување на редовни мировни сили на ОН, изјави западен дипломат. Нивната бројност ќе биде меѓу 3.000 и 5.000 миротворци.
Францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан ја поддржува идејата за испраќање на мировни сили на ОН во Мали, изјавувајќи дека Париз ќе учествува во секој ваков план.
Во средата француските воени сили го презедоа аеродромот на Кидал, последниот град под контрола на екстремистите поврзани со Ал каеда, и планираат брзо да го предадат на обединетите африкански сили, чија задача ќе биде да ги прочистат од екстремисти планинските реони.