ОН ќе формираат Мисија во Сомалија

Од:

Советот за бебзедност на ОН доцна синоќа донесе одлука за формирање на Мисија на Светската организација во Сомалија, која ќе има за задача да им помага на сомалиските власти во напорите за изградба на демократски систем и правна држава.

Согласно одлуката, Мисијата ќе започне со работа на 3 јуни и ќе биде со мандат од една година, со можност за негово продолжување. Мисијата ќе работи на поддршка на мировниот процес во Сомалија, ќе ги координира активностите на меѓународните организации во земјата и ќе работи на проекти за заштита на човековите права.

Предвидено е мисијата да ја сочинуваат околу 200 ексрепри од различни сфери, како политика, финансии, безбедност и човекови права, кои ќе имаат канцеларии во сомалискиот главен град Могадишу.

Во Сомалија во моментов се стационирани околу 17.000 странски војници од составот на Мировната мисија на Африканската унија, која е спонзорирана од ОН.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата