ОН: Итен прекин на насилството во Израел и палестинските територии

Од:

Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права изрази загриженост во врска со ескалацијата на насилството во Израел и окупираните палестински територии и повика за прекин на огнот, осудувајќи ги провокациите, изјви портпаролот Руперт Колвил за време на брифингот во Женева.

– Сериозно сме загрижени поради ескалацијата на насилството во последните денови во окупираните палестински територии, вклучително и во Источен Ерусалим и во Израел, истакна Колвил.

Тој нагласи дека организацијата го осудува насилството и секое поттикнување на насилство, како и етничките поделби и провокации.

Повикувајќи се на податоци од палестинската организација на Црвената полумесечина, Колвил истакна дека 915 Палестинци биле повредени во Источен Ерусалим во периодот од 7 до 10 мај, а повеќе од 200 на Западниот Брег. Повеќето од нив биле повредени како резултат на дејствијата на израелските безбедносни сили. До 10 мај, Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права доби податоци за околу 20 повредени Израелци, главно припадници на безбедносните сили.

Портпаролот потсети дека „не треба да се употребува сила против оние кои ги остваруваат своите права мирно“ и дека е забрането нејзино непропорционално или непотребно користење.

Во врска со ракетниот напад против Израел од страна на палестинските вооружени групи, Колвил истакна дека употребата на ненасочено оружје, како ракети истрелани кон Израел, е строго забрането од меѓународното хуманитарно право и мора веднаш да прекине. Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права ги повика двете страни да ја „смират ситуацијата и да избегнат натамошно насилство“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“