Претставници на петте постојани членки во Советот за безбедност на ОН, се сложија дека Северна Кореја и Иран претставуваат сериозен проблем за безбедноста во светот и нагласија дека и двете држави константно ги отфрлаат меѓународните обврски.
Во заедничката изјава САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија се залагаат Блискиот исток да биде зона без нуклеарно оружје.
Се наведува дека нуклеарните тестови кои во февруари ги изведе Северна Кореја и постојаните нуклеарни активности на Иран, претставуваат најголема закана која го загрозува Договорот за забрана на ширење на нуклеарното оружје , кој е на сила 1970 година.
Договорот од тогаш го потпишаа 190 држави, меѓу кои и Иран, додека Индија, Пакистан и Израел не го потпишаа договорот.
Сите држави потписнички на договорот се сложија дека сите држави имаат право да ја развиваат нуклеарната технологија, исклучиво за добивање на енергија и се обврзаа дека нема да се обидуваат да работат на развивање на нуклеарното оружје.
Елена Герогиевска