ОН: Годишните економски загуби поради природни катастрофи достигнаа 300 милијарди долари

Од:

Економските загуби поради природни катастрофи како што се земјотреси, поплави, суши и циклони, достигнаа годишна вредност од меѓу 250 и 300 милијарди долари, се наведува во извештајот на ОН.

Извештајот на Канцеларијата на ОН за намалување на ризикот од непогоди проценува дека годишно инвестирање од шест милијарди долари со цел за намалување на ризикот ќе заштеди на светско ниво загуби од 360 милијради долари во текот на следните 15 години.

Специјалната претставничка на ОН за намалување на ризикот од катастрофи Маргарет Валстром, истакна дека извештајот претставува повик за будење на земјите и зголемување на инвестициите во решенија што ќе ја зголемат отпорноста на природни непогоди.

Валстром нагласи дека тоа ќе биде главна тема на Третата светска Конференција на ОН за намалување на ризикот од катастрофи што ќе се одржи во Јапонија од 14 до 18 март.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Предраг Петровиќ

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он