Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

Од:

ктивни се два пожара на отворено, на планината Китка и кај скопското село Булачани, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На планината Китка гори претежно нискостеблеста вегетација. Пожарот над село Палиград во Општина Зелениково почна на 16 овој месец и се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми“– подружница „Караџица“ – Скопје известиле дека пожарот се шири во правец кон село Тисовица и еден дел кон пределот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Теренот, како што се наведува, е непристапен за интервенција од земја. Од страна на РЦУК Скопје за пожарот се известени и во Општина Зелениково.

На Единствениот број за итни случаи 122 утрово во 8.31 часот во ЦУК е добиена пријава за пожар во село Булачани, во која се наведува дека тој се уште е активен.

Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 34 пожари од вкупно 36 на отворен простор на територијата на државата. Изгаснати се четири пожари на отворено во Скопско, во Битолско 11, во Струмица четири, во Велес осум, во Куманово четири и во Тетово изгаснати се три пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Би можело да ве интересира

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Активни се шест пожари на територијата на Македонија