Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која 15 м арт го прогласи за Меѓународен ден против исламофобијата.
Резолуцијата е усвоена на предлогот од Турција и од Пакистан до Генералното собрание на ОН во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).
Со резолуцијата се апелира на зајакнување на меѓународните напори засновани на почитување на верските и човековите права, промовирање на култура на толеранција, мир и глобален дијалог.
Во документот силно се осудува сите акти на насилство врз поединци и врз верските објекти поради нивните религиозни убедувања.
Постојаниот претставник на Турција во ОН, Онџу Кечели пред ГС на ОН истакна дека дискриминација врз основа на религијата е апсолутно неприфатлива во демократија и треба да биде осудена, вклучително и исламофобијата и антисемитизмот.
– Исламофобијата е реална и растечка закана за човештвото денес и дека се манифестира во многу форми како што се расизам, ксенофобија, нетолеранција и насилство, посочи Кечели.
Извор: МИА