ОН го продолжи мандатот на својата мисија во Авганистан

Од:

Советот за безбедност на ОН го продолжи за една година мандатот на својата мисија во Авганистан, во момент кога земјата се подготвува за избори следната година и за справување со проблемите на безбедноста.

Петнаесет члениот совет едногласно ја продолжи мисијата до март 2014 година, која е составена од 500 меѓународни работници и околу 2.000 Авганистанци. Во прифатениот документ се наведува дека одлуката е „соодветна на транзицискиот процес и целосната поддршка од ОН и преземањето на грижата за безбедноста и управувањето на државата и развојот од страна на властите во Кабул“.

Една од задачите на мисијата е да помогне во организирањето на претседателските и локалните избори следната година, кои ќе се одржат во услови на небезбедност, откако САД одлучија да ги повлечат останатите 34.000 свои војници до февруари.

Американскиот амбасадор во ОН Сузан Рајс го повика Кабул да организира чесни претседателски избори, истакнувајќи дека демократскиот процес е од суштинско значење за безбедноста, иднината и меѓународната помош на Авганистан.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство