ОН го осудија „нехуманиот“ закон за каменување до смрт во Брунеј

Од:

ОН го осудија новиот „суров и нехуман“ закон, што во среда ќе стапи во сила во Брунеј, со кој се предвидува каменување до смрт за на истополов однос, брачно неверство и силување и отсекување на екстремитетите за кражба.

– Ја повикувам Владата да го спречи стапувањето во сила на овој нов законски кривичен законик, кој претставува сериозно прекршување на заштитата на човековите права за луѓето во Брунеј, изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет.

Со новиот Кривичен законик во Брунеј се предвидува смртна казна со каменување на лицата што ќе имаат истполов однос или ќе извршат брачно неверство или силување, како и отсекување на десната рака на крадец првпат фатен во кражба и отсекување на левата нога, доколку изврши втора кражба.

Организациите „Хјуман Рајтс Воч“ и „Амнести Интернешанл“, исто така, го осудија новиот Кривичен законик и предупредија дека тоа ќе го намали престижот на земјата и може да доведе до одлив на туристи и инвеститори.

Брунеј е апсолутна монархија со население помалку од половина милион луѓе, лоцирана на островот Борнео. Таа е една од најбогатите земји во светот, а приходите главно доаѓаат од извозот на нафта и природен гас.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство