ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Од:

Обединетите нации го осудија принудниот брак на малолетници во Зимбабве по смртта на 14-годишно девојче за време на раѓање во верски храм во источниот дел на земјата.

Смртта на девојчето предизвика огромен гнев на социјалните медиуми и меѓу активистите за правата на децата.

Петицијата адресирана до полицискиот комесар собра речиси 58.000 потписи откако беше испратена во четвртокот. Полицијата викендов соопшти дека започнала истрага за смртта, која се случи минатиот месец.

Во вчерашното соопштение, Обединетите нации наведоа дека „изразуваат длабока загриженост и остро ги осудуваат околностите кои доведоа до прерана смрт на 14-годишната Мемори Мачаја … која почина додека раѓала во светилиште на апостолска секта”.

– За жал, алармантните извештаи за сексуална експлоатација на малолетни девојчиња, вклучително и рано склучени принудни бракови, продолжуваат да се појавуваат, и тоа е навистина уште еден тажен случај, се додава во соопштението.

ОН соопштија дека тенденцијата на случаи на насилство врз жени и девојчиња во Зимбабве, „вклучително и бракови на малолетници, не може да остане неказнето“.

Официјалната статистика покажува дека едно од три девојчиња во Зимбабве се мажи пред да наполни 18 години.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска

Од Зимбабве годишно се краде злато вредно 1,5 милијарди долари

Жарко Настоски