Високиот претставник на ОН за човекови права, Зеид Раиад Ал-Хусеин изјави дека џихадистите кои сеат страв во Ирак и Сирија сакаат да направат „крвав свет“.
-На кој начин би можела да функционира држава на екстремни сунити во иднина? Тоа би бил крвав свет, непријателски и злонамерен, без заштита за оние кои не се сунити-рече Зеид на отворањето на 27 седница на Советот за човекови права на ОН во Женева.
Според зборовите на Зеид, кој што е прв муслиман, висок претставник на ОН за човекови права,„во светот на сунитите екстремисти, се губи правото на живот“.
Е. Г.