ОН: Дрогата и криминалот препреки за владеењето на правото и демократијата

Од:

Дрогата и криминалот се препреки за владеење на правото и демократијата, предупреди денеска директорот на Канцеларијата на ОН за борба против наркотици и криминал (УНОДЦ) Јури Федотов, отворајќи ја 56-та седница на Комисијата за дроги во Виена.

Тој нагласи дека дрогата и криминалот претставуваат јасна опасност по стабилноста и безбедноста на целиот регион и економскиот и социјален развој.

УНОДЦ, како што кажа, како одговор на овие предизвици работи на воспоставување на регионални и национални програми кои пружаат поддршка каде што е потребно, градејќи силни партнерства и промовирајќи политички определувања на највисоко меѓународно ниво, посебно во развојната агенда по 2015-та година.

Федотов, укажа дека во изминатите десет години забележано е намалување на производството и шверцот на кокаин, и дека најголем дел од одгледувањето на опиум сега е локализиран во Авганистан.

Тие трендови, меѓутоа, се засенети, како што нагласи, со растот на синтетичките дроги, како и новите психоактивни супстанци.

Според него, дрогите продолжуваат да убиваат над 500 луѓе секојдневно.

Меѓународната заедница одговори на тие закани со политичка декларација и со акционен план до 2014 година, кој ќе биде на седницата на Генералното собрание на ОН за проблемите за дрогите во 2016 година, рече Федотов.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство