Речиси 285 илјади Сомалијци ги загубиле животите заради глад од октомври 2010 до април 2012 година кога тешката криза за храна прерасна во шестмесечна катастрофа. Тоа се вели во извештај на ОН објавен денеска.
Меѓу жртвите од глад во тој период, авторите на извештајот посочуваат 133.000 деца под петгодишна возраст.
Документот е изработен од ФАО и Мрежата за предупредување од опасности од глад (FewsNet) финансирана од САД.