Генералното собрание на Обединетите Нации ќе избираат пет нови непостојани членки на Советот за безбедност, на кои двегодишниот мандат ќе им започне на 1. јануари 2013-та година.
Советот за безбедност на ОН има десет ротирачки членки, кои за разлика од постојаните немаат право на вето, а се бираат на регионален принцип, со двегодишен мандат, наизменично секоја година по пет.
За избор на членови потребни се 129 гласови или две третини од Генералното собрание на ОН, кое се состои од 193 членови.
Новоизбраните членови ќе ги заменат Колумбија, Германија, Индија, Португалија и Јужна Африка.