ОН: Барањето за згаснување на Ал Џезира е неприфатлив напад на слободата

Од:

Обединетите нации денеска изразија големо незадоволство поради барањето кое земјите од Персискиот Залив го упатија до Катар, а со кое се бара згаснување на телевизијата „Ал Џезира“ со седиште во Доха. ОН оцени дека ваквото барње е „неприфатлив напад на слободата на изразување и мислење“.

Затворањето на оваа телевизија е меѓу 13 барања од широкиот спектар кои властите во Доха ги примија од Саудиска Арабија и нејзините сојузници во замена за кревање на „блокадата“ врз Катар, која трае веќе речиси еден месец. Рокот од десет дена, кој четирите земји го дадоа на Катар за исполнување на барањата истекува на 4 јули.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад ал Хусеин преку портпаролот Руперт Колвил порача дека е „многу загрижен заради барањето Катар да ја затвори мрежата „Ал Џезира“. како и другите нејзини медиумски придружници.

– Дали сте ја гледале или не, дали ви се допаѓа или не, дали се согласувате со нејзиниот уредувачки став, арапскиот и англискиот канал на „Ал Џазира“ се легитимни и имаат милиони гледачи, порача Ал Хусеин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот