Обединетите Нации бараат уште 900 милиони долари за хумнитарни цели во Сомалија, каде што 275.000 деца се наоѓаат на работ на смрт од глад, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
– Утрово го претставивме ревидираниот план за хуманитарна помош, во којшто бараме уште 900 милиони долари до крајот на оваа година, рече Гутереш на Меѓународната конференција за Сомалија во Лондон, чиј домаќин е британската премиерка Тереза Меј.