ОН бараат од Шпанија да го поништи Законот за амнестија од 1977 година

Од:

Обединетите нации ја повикаа Шпанија да го поништи Законот за амнестија од 1977 година со кој се помилувани злосторствата направени за време на 36-годишната диктатура на генералот Франсиско Франко.

ОН во Шпанија испрати работна група чија задача е да испита на кој начин се истражуваат случаите на исчезнатите луѓе за време на владеењето на Франко.

ОН реагираа откако стотици Шпанци се обратија до судовите во Аргентина барајќи правда поради злосторствата направени за време на диктатурата на Франко. Тие се обратија до аргентинските судови поради Законот за амнестија од 1977 година. Адвокатите на жртвите од диктатурата на Франко бараат да се применат одредбите на Меѓународното право и на осомничените да им се суди за злосторства против човештвото.

Аргентинскиот Врховен суд во 2005 година го поништи Законот за амнестија.

За време на диктатурата на Франко и граѓанската војна во Шпанија животот го загубија и исчезнаа повеќе стотици илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија