ОН: Ако светот им ги препушти Сиријците на ИД, ќе има уште многу бегалци

Од:

Илјадници и илјадници нови бегалци од Сирија ќе тргнат кон Европа доколку меѓународната заедница не најде мирно решение за кризата во Сирија и ако го препушти народот на оваа земја на милост и немилост на џихадистичката Исламска држава (ИД), предупреди денеска специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

– Зошто заминуваат луѓето? Затоа што ја загубиле секоја надеж по пет години постојан конфликт на кој не му се гледа крајот, а како единствен победник ја гледаат ИД, истакна Мистура на прес-конференција во Брисел.

Тој додаде дека во западниот дел на Сирија би можеле во опасност да бидат уште милион луѓе, кои ќе му се придружат на големиот бегалски бран, барајќу безбедност во земјите од ЕУ.

Меѓународната заедница постојано се обидува, но не успева да најде решение за конфликтот во Сирија, но, според Мистура, „веќе нема време за толку долги политички процеси“.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад