Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Од:

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави „опасно“ се доближил до руски авион во Сирија, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Олег Игнасјук.

„Авионот-бомбардер Ф/А-18 опасно се приближил до авионот Ан-30 на руските воздушни сили над Сирија. Инцидентот се случил на надморска височина од околу 6.700 метри во провинцијата Хомс“, рекол Игнајук.

Тој додаде дека рускиот пилот покажал висока професионалност и презел навремени мерки за да го спречи судирот.

САД имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак, со цел да ги советуваат и да им помагаат на локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од двете земји во 2014 година, но подоцна беше потисната.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија