Сојот омикрон може да зарази глувци и стаорци, што другите соеви на вирусот не можеа, најави денеска директорката на руската Агенцијата за заштита на потрошувачи и човечка благосостојба, Ана Попова.
„Резултатите од нашето истражување покажуваат дека сојот омикрон ги инфицира глувците и стаорците. Не ја забележавме оваа шема кај претходните типови на соеви. Денес гледаме дека глодарите се инфицираат и ја развиваат болеста“, рече таа.
Научниците од Јужна Африка беа првите што пријавија појава на омикрон пред помалку од еден месец, а Светската здравствена организација (СЗО) го опиша како „загрижувачки вид“ на 26 ноември.