Оланд во ненадејна посета на Москва

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска допатува во ненадејна посета на Москва, каде оствари средба со рускиот колега Владимир Путин со кого разговараше за украинската криза.

Оланд истакна дека Москва и Западот мора да спречат создавање нови ѕидови кои би ги делеле и оти „мора заедно да најдат решение“.

Францускиот претседател е прв западен лидер кој ја посетил Русија од почетокот на украинската криза, која беше повод ЕУ и САД да воведат санкции против Москва поради поддршка на силите во источниот дел на Украина.

– Постојат моменти кога мора да ја искористиме можноста, му рече Оланд на Путин пред да го продолжат нивниот разговор зад затворени врати.

Путин се согласи дека постојат „тешки проблеми“, но изрази уверување дека „кратката, работна посета на Оланд може без сомневање да придонесе за решавање на многу меѓународни проблеми“.

Двајцата претседатели остварија средба на аеродромот Внуково, во близина на Москва.

Оланд пристигна во Москва по враќањето во Франција од дводневната посета на Казахстан, еден ден откако вети дека ќе работи да деескалирање на кризата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили