Оланд: Верден во исто време е и најлошо и најдобро

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Верден заедно ја одбележаа стогодишнината од една од најкрвавите битки од Првата светска војна, јави дописникот на МИА.

– Името (Верден) е симбол за незамислив ужас и апсурдност на војната, но исто така и за лекција на француско-германското помирување”, изјави германската канцеларка во Градското собрание на Верден, прв прием на германски лидер во него.

Оланд наведе дека „Верден првпат не е потсетник за неговото минато страдање, туку за неговата порака на надеж“.

– Верден е град кој што  го претставува најлошото, каде Европа се изгуби пред сто години, а исто така и најдоброто, каде што градот не бил во можност да се инвестира, да се обедини за мир и француско-германското пријателство. Да живее пријателството, духот на Верден “, заклучи Оланд.

Повеќе од триесет години, по ракување меѓу Франсоа Митеран и Хелмут Кол, пред костурницата на Дуамон  на 22 септември 1984 година, францускиот претседател и германската канцеларка не сакаа да го повторат овој гест, кој стана ритуал на спомен на француско-германските средби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили