Оланд: Турските напади во Сирија можат да доведат до отворен конфликт со Русија

Од:

Турските напади врз позиции на Курдите во Сирија може да доведе до отворен конфликт со Русија, што е многу опасно бидејќи Турција е членка на НАТО, предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд.

Истовремено, Оланд истакна дека Франција ќе продолжи да ги бомбардира реоните кои се под контрола на Исламска држава.

– Тоа е терористичка организација, тоа не е опозиција на Башар ал Асад. Јас барам од коалицијата во Сирија да не ја испушта од вид таа главна цел. Тоа истото се однесува и за Турција и Русија, истакна Оланд по средбата на врвот на ЕУ во Брисел.

Тој нагласи дека главна тема на средбата на врвот Турција-ЕУ следниот месец ќе бидат миграцијата и контролата на границите. Оланд потсети дека министрите за одбрана на земјите од НАТО на 10 февруари донесоа одлука да испратат военоморски сили на Алијансата во Егејско Море за зајакнување на контролата на турските граници и набљудување на нелегалната трговија со мигранти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили