Оланд не се откажува од трудовата реформа, на Франција и се заканува хаос

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд и неговата социјалистичка Влада одбиваат да се откажат од реформата на трудовото законодавство, што, судејќи според најавите на синдикатите, ќе предизвика нови штрајкови и нов хаос во земјата во пресрет на европското фудбалско превенство „Евро 2016“.

За да ги смири демонстрантите, француската Влада најави зголемување на платите на просветните работници и вети забрзување на разговорите за реорганизација на француската национална железничка компанија СНЦФ, пренесуваат британските медиуми.

Францускиот премиер Мануел Валс го повика синдикатот СЖТ, што го предводи штрајкот во железницата најавен за вечерва, да предложи начин да се „надминат судирите околу реформата на Законот за труд“.

Оланд изјави дека нема да се откаже од клучните одредби на реформата на законот, што би го олеснило вработувањето и отпуштањето вработени.

Надлежните за туризам во француската престолнина стравуваат дека штрајковите и протестите, кои често пати се насилни, можат да го одбијат доаѓањето на нови гости во земјата, наведуваат француските медиуми.

По минатонеделните обиди за парализирање на земјата со блокадата на рафинериите и складиштата со горива, синдикатот СЖТ денеска повика да се почне со штрајк на националната железничка мрежа, а во четврток и со штрајк во париското метро.

Патниците во авионскиот сообраќај, исто така, ќе се соочат со откажување на летови или нивно одложување, пренесуваат француските медиуми.

Оланд за францускиот весник „Суд Оуест“ истакна дека „нацрт законот нема да биде повлечен“, истакнувајќи дека со него се обезбедуваат најдобрите услови за делување и се нудат нови права за вработените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили