Оланд: На неколку дена сме од можно решение за Грција

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека неколку часа ги делат Европа и меѓународните институции од можно решавање на грчкото прашање и повика за балансиран компромис меѓу Атина и кредиторите.

– На неколку дена, на неколку часа сме од можно решение, изјави Оланд по седницата на ОЕЦД во Париз, јавува БТА.

Францускиот претседател нагласи дека премногу големите барања кон Грција ќе бидат пречка за враќање на земјата кон раст, но ако не се бара ништо или се бара недоволно, тоа би имало последици за целата еврозона.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека предложените реформи на Грција на прв поглед го зајакнува песимизмот за можноста да има брз договор меѓу Грција и кредиторите.

– Делумно се запознав со списокот на реформи, предложен од грчката Влада. Тоа не го менува мојот став, за фактот дека оптимизмот за брзо решение не е оправдан. Ова дури повеќе го зацврстува, изјави Шојбле на прес-конференција во Берлин.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос