Оланд: Грција мора да ги исполни обврските кон ЕУ

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд, денеска побара од Грција да ги исполни своите обврски кон Европската унија.

– Грците се присилени самите да ја изберат својата судбина, но одредени обврски мораат да бидат почитувани, рече Оланд за Француското радио.

Како што пренесуваат француските медиуми, изјавата на Оланд следи по вчерашните медиумски шпекулации за подготвеноста на Германија да го прифати евентуалното излегување на Грција од еврозоната.

Портпаролот на германската Влада, Георг Штрајтер, изјави дека Германија е уверена дека Грција ќе остане приврзана на програмата за финансиска консолидација, што е иницирана од ЕУ.

– Грција во минатото ги исполнуваше своите обврски. Германската Влада претпоставува дека Грција ќе продолжи да ги исполнува сите свои договорени обврски кон своите кредитори, рече тој одговорајќи на неодаменшните наводи на „Шпигл“.

Весникот, повикувајќи се на извори блиски до германската Влада, објави дека канцеларката Ангела Меркел е подготвена да и дозволи на Грција да ја напушти еврозоната доколку Грците изберат влада која е против мерките за штедење на актуелната влада.

„Германија смета дека излегувањето на Грција од еврозоната е речиси неизбежно доколку лидерот на опозициската партија Сириза, Алексис Ципрас, по изборите биде на чело на владата која ќе ја напушти буџетската дисцплина и нема да ги враќа грчките долгови“, наведе „Шпигл“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on