Оланд го повика Кери заеднички да одговорат на нападите во Франција

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд го повика денеска американскиот државен секретар Џон Кери да ги пронајдат заедно „потребните одговори“ за џихадистичките напади во Франција минатата недела.

– Вие исто така бевте цел на терористички напад на 11 септември 2001 година. Треба заедно да ги пронајдеме неопходните одговори. Тоа е смислата на нашата денешна средба, рече Оланд.

– Сочувствуваме со маката на францускиот народ. Сочувството на американскиот народ е мошне искрено, изјави Кери, кој пристигна во Париз за да им оддаде почит на 17-мината загинати во нападите.

– Ве набљудувавме како Вие и надлежните тимови мошне елегантно и стручно ги водевте операциите. Го набљудуваме исто така и францускиот народ, кој се обедини, како важен пример за целиот свет. Со приврзаност кон слободата и идеалите Франција испрати порака до целиот свет. Нашите срца се со вашите и јас сакам лично да го споделам ова мислење, посочи Кери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти