Оланд е против квоитите за имигранти во Европа

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека е против квотите за имигранти во Европа, но оти би сакал подобро распределување на бегалците во земјите-членки на Европската унија.

– Не може да стане збор за квоти за имигранти кога имаме правила за гранична контрола за справување со имиграцијата. Луѓето доаѓаат во Европа бидејќи сметаат дека е континент на благосостојба, но тие треба да бидат вратени ако немаат работа, такво е правилото. Правото на азил не може да се заснова на квоти, тоа нема смисла, истакна Оланд на заедничката прес-конференција во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел.

Оланд наведе и дека има бегалци кои се насочуваат кон едни исти земји, како што е Германија, а во помал број во Франција, Шведска. Затоа тој предлага и другите земји да понесат дел од товарот со имигрантите.

Меркел наведе дека заедно со Оланд побарала од министрите за внатрешни работи да ги разгледаат предлозите на Европската комисија.

ЕК минатата недела предложи квоти за имигратните земјите-членки на ЕУ со цел да има праведна распределба на бегалците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци