Оланд до Трамп: Не ги укинувајте санкциите против Русија додека не се исполни Минскиот договор

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд при телефонскиот разговор со претседателот на САД Доналд Трамп наведе дека санкциите против Русија можат да бидат укинати дури кога ќе биде исполнет Минскиот договор за украинската криза.

Во соопштението од Елисејската палата стои дека Оланд му кажал на Трамп оти „не може да има одржливо ниту кредибилно решение во Сирија без ОН“, како и дека НАТО е „неопходна“.

Оланд му порачал на Трамп и дека „Европската унија треба да биде зајакната во сите сфери, вклучително и во одбраната“.

Наведено е дека францускиот претседател ја нагласил и „важноста на Парискиот договор за климатските промени“.

Тој го предупредил Трамп на „внимателност“ во врска со Иран, со порака дека нуклеарниот договор со таа земја „треба да се почитува“.

Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека Оланд побарал од Трамп да го „почитува принципот за прифаќање на бегалците“, по указот што вчера го потпиша американскиот претседател.

Оланд на Трамп му ги нагласил и „економските и политичките последици од протекционистичкиот пристап“ што новиот претседател на САД го најави и почна да го применува.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина