Оксфам: Производителите на храна во светот страдаат од глад

Од:

Светската невладина организација Оксфам во извештајот „Зрели за промена“ алармира за животните и работните услови на земјоделците и производителите на храна во светот, кои сѐ почесто живеат во сиромаштија, додека големите супермаркети прават сѐ поголем профит.

– Големата дистрибуција стана чувар на светската прехранбена трговија, се наведува во најновиот извештај на Оксфам, кој предупредува дека производителите трпат постојани притисоци за да ги намалат цените, а истовремено треба да исполнат се поригорозни критериуми на квалитет. Осумте најголеми синџири на супермаркети во светот направиле 22 милијарди евра профит во 2016, од кои 15 милијарди им биле поделени на акционерите, наместо да бидат реинвестирани кај набавувачите, истакнува Оксфам.

Невладината организација наведува дека поради моќта на системот на дистрибуција, цените постојано се намалуваат, па така, во Кенија цената на боранијата е намалена за 74 проценти за 20 години. Цената на сокот од портокал во Бразил е намален за 70 отсто, што доведува до се пониски приходи за земјоделците и селаните, кои одвај успеваат да ги покријат трошоците за производство. Многумина се принудени да ги напуштат своите земјишта или да заминат да работат како работници на големи плантажи, за ниски плати и во услови на експлоатација.

– Ова е суровиот парадокс против кој Оксфам дига глас: Оние кои ја произведуваат нашата храна не можат да се прехранат, предупредува Оксфам.

Феноменот не ги засега само земјите од третиот свет. Во Франција и во Германија земјоделците исто така се почесто живеат во сиромаштија, а бројот на самоубиства во оваа професија расте.

Оксфам алармира дека се почестите дискаунт маркети како „Лидл“ или „Алди“ дополнително ќе го влоши феноменот во наредните години.

Решение постои, според невладината, за тоа се потребни минимални инвестиции.

– Властите треба да одредат минимална цена за основните земјоделски продукти, меѓу другото, порачува Оксфам.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска