Околу илјада бегалци влегле во Германија во Австрија и покрај граничните контроли

Од:

Околу илјада мигранти вчера влегле во Германија од Австрија и покрај тоа што Берлин во неделата ненадејно воспостави контрола по границите.

Стотици мигранти и бегалци продолжуваат да влегуваат во Германија, иако во помал број, соопшти полицискиот портпарол во баварскиот град Фрајласинг.

– Управата на федералната полиција во баварскиот град Розенхајм, регистрира пристигнување на околу 1.000 лица по полноќ во неделата наспроти понеделникот, рече портпаролот.

Во неделата Германија времено ја обнови контролата по границите поради масовниот проток мигранти, кои влегуваа претежно во Баварија. Во Минхен од 31 август влегле 63.000 мигранти. Повеќето од нив се од Блискиот Исток. Тие минале преку Турција, Грција, Балканот, Унгарија и Австрија.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад