Поддршката за создавање независна држава Каталонија во октомври се зголемила на 48,7 проценти, што е рекордно ниво во последните три години.
Овој податок произлегува од резултатите од регионално истражување спроведено во октомври во Каталонија, кое го изврши Центарот за истражување на јавното мислење Естудис допинио.
За независност на Каталонија во јули биле 41,1 отсто од граѓаните.
Истражувањето е спроведено на примерок од 1.338 испитаници од 16 до 29 октомври.